Hyundai отвора фабрика во Саудиска Арабија

Јужнокорејскиот автомобилски гигант Хјундаи ќе отвори фабрика во Саудиска Арабија, а вкупната инвестиција ќе изнесува повеќе од 500 милиони долари.

Според соопштението на компанијата, фабриката ќе произведува возила со електрични и мотори со внатрешно согорување, јавува Anadolu Agency.

Вкупно 70 отсто од фабриката ќе биде во сопственост на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ), а 30 отсто ќе биде во сопственост на автомобилската компанија Хјундаи.

Се очекува фабриката да започне со производство во 2026 година, планираната цел на производство е 50.000 единици годишно.