Фото: Hyndaimotorgroup
Јужнокорејскиот автомобилски бренд, Hyundai развива електричен автобус на кат.
Овој автобус има капацитет од 70 патници и тоа 11 на долниот и 59 на горниот кат. Со едно полнење, што трае 72 минути, може да помине 300 километри. Автобусот е долг 12,99 метри, а широк 3,999 метри.
Инаку, двокатниот автобус е прв обид на Hyundai да електрифицира големи патнички возила, а за неговиот развој биле потребни 18 месеци.