ХЗЗ бара невработени за санација на поплавените подрачја, бруто плата 465 евра

17

slavonija

Хрватскиот завод за вработување (ХЗЗ) вчера ги повика невработените лица од поплавените подрачја кои се евидентирани кај нив, да се пријават за да влезат во програмите за санација на теренот и отстранување на последиците од поплавите. На невработените ќе им се овозможи да работат на комунални јавни работи на санација во траење од шест месеци.

Министерството за труд и пензиски систем, во соработка со ХЗЗ овозможи финансирање на ангажираните работници, односно минимална бруто плата од 465 евра плус трошоци за превоз што ќе им бидат исплаќани преку ХЗЗ, без учество на локалните власти. Засега се бараат 945 работници.