И аналитичарите на S&P укажуваат на извесен банкрот на Evergrande

74

Кинеската компанија Evergrande, чии долгови и задоцнети камати се шират веќе некое време, најверојатно ќе банкротира бидејќи компанијата во суштина изгубила голема гранка од својот бизнис, се вели во соопштението на аналитичарите на S&P Global Index.

Според резултатите од продажбата, Evergrande беше вториот градежен изведувач во Кина минатата година. Како и останатите вакви компании во Кина, тие продаваа станови на купувачи пред да бидат изградени за да соберат капитал за идни проекти, пишува CNBC.

Овој циклус на готовински тек наиде на голем број проблеми. Иако компанијата досега успеа да ги најде парите и навреме да ги исплати сите побарувања, „огромниот долг на Evergrande ќе го стигне“, пишува во анализата на S&P.

„Компанијата ја загуби можноста да продава нови куќи, што значи дека ќе им се затвори главниот бизнис модел. Затоа, натамошна исплата на побарувањата е малку веројатна“,  велат аналитичарите, кои сметаат дека банкрот на Evergrande е многу извесен.

Засега кинескиот гигант успеа да ги врати долговите во последен момент, но аналитичарите истакнуваат дека најголемиот тест за оваа компанија ќе биде во март и април следната година, кога ќе се соберат околу 3,5 милијарди долари.

Народната банка на Кина во октомври соопшти дека случајот Еvergrande е изолиран и дека другите градежни компании се стабилни.