И Формула 1 во борба против Ковид -19, седум тимови се вклучуваат во производство на респиратори

39

Седум тимови на Формула 1 со седиште во Велика Британија покрена проект наречен Project Pitlane  со кој ќе и одговорат на повикот на владата и ќе се вклучат во производство на медицинска опрема, првенствено респиратори, потребни за борбата против Ковид-19.

Во проектот се приклучени Mercedes, Red Bull, McLaren, Renault, Racing Point, Haas и Williams, нивните технолошки оддели, како и раководството на Формула 1.

Во соопштението се наведува дека сите седум тимови подготвено ќе делуваат во сите останати подрачја кои бараат брз, иновативен и технолошки одговор за борба против единствениот во моментов предизвик, а тоа е Ковид-19.

“Следејќи ги одлуките на Британската влада, проектот Pitlane ќе се одработува во фази. Најпрво ќе за започнеме со производство на постоечките машини, ќе пробаме и да ги модернизираме, а во исто време ќе работиме на осмислување на нови, и нивно патентирање. Уникатната способност на инженерите и техничарите во Формула 1, ни дозволува да се впуштиме во ваков вид предизвик и да се надоврземе на техничките достигнувања на медицинската индустрија“, велат од Формула 1.

Фото:Pixabay