И Германците работат и прекувремено, главно без надомест

17

Работниците во Германија минатата година работеле околу 1,3 милијарди часа прекувремена работа. Повеќе од половина, 775 милиони работни часови, не се платени, според бројките објавени од владата во четвртокот.

Просечниот вработен во текот на годината работел 31,6 часа прекувремена работа, а работодавците не платиле 18,4 часа прекувремена работа, соопшти Министерството за труд на прашање на членката на Левицата, Сузана Фершл.

„Работодавците заштедуваат милијарди со тоа што не плаќаат прекувремена работа, додека вработените страдаат од продолжено работно време и постојани барања да бидат флексибилни“, рече Фершл.

Министерството се повика на февруарскиот извештај на Институтот за истражување на трудот.

Според тој извештај, прекувремената работа од минатата година е еднаква на работата на 835.000 работници со полно работно време.

Во исто време, бројката е за околу 100 милиони работни часови помалку од претходната година, кога прекувремената работа во цела Германија изнесуваше вкупно 1,4 милијарди часа.