И хотел Гранит со SunWireless безжичен интернет

197

granitSunWireless потпиша договор со хотел Гранит, Охрид, каде ќе биде овозможен првокласен сервис на безжичен интернет од овој Wi-Fi провајдер.

“Големо задоволство ни е што добивме шанса нашиот сервис да го направиме достапен и за гостите во хотел од високо реноме каков што несомнено е и Гранит, па максимално ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и да ги задоволиме потребите и очекувањата на сите гости и посетители на хотелот”, изјави Весна Стојановска од менаџерскиот тим на SunWireless.
SunWireless при-пејд картичките ќе може да се купат на самата рецепција во хотелот и со нив гостите добиваат брз и стабилен Wi-Fi интернет низ целиот хотел, околните плажи, на многу локации низ Охрид како и во сите останати над 550 хотзони на SunWireless низ Македонија.
Со овој договор, Гранит се приклучува на листата хотели каде SunWireless обезбедува свој сервис, а ја сочинуваат уште и Александар Палас, Дрим, Хотел Монтана, Кристал Палас, Београд, Уни Палас и други елитни хотели.