Google street view на илјадници луѓе на дланка им доближува градови и места ширум светот. Оние што сакаат виртуелно да “прошетаат“ низ пустините во Обединетите Арапски Емирати ќе имаат можност да го направат тоа благодарение на новата техника – Camel cam.
Наместо стандардниот начин на снимање на просторот, Google street view атмосферата во пустината ќе ја долови преку камерите што ги поставуваат на грбот на камилите.
Од Google наведуваат дека користењето на камилите ќе значи правење на “автентични слики“ со минимално влијание врз околината.