Поранешната прва дама на Америка, Меланија Трамп го направи своето прво јавно појавување откако ја напушти Белата куќа поради нов деловен потфат – таа влегува на пазарот на крипто уметност.
Меланија Трамп објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT- non-fungible token), наречен „Melania’s Vision“. Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на својата нова платформа за незаменливи токени, MelaniaTrump.com.
Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Куломб кој и ги насликал очите, а во него има и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштија од нејзиниот кабинет. Дигиталното уметничко дело ќе биде достапно за купување до крајот на годината. Дел од приходите, како што е најавено, ќе оди за помош на децата од згрижувачки семејства.
NFT „Melanie’s Vision“ нема да биде последното нешто што поранешната прва дама на Америка ќе се обиде да го продаде, бидејќи, како што најави, на таа платформа редовно ќе се објавуваат незаменливи токени. Платформата ја лансира социјалната мрежа Perler.