И најголемата светска инвестициска компанија отпушта работници

92

Најголемата светска инвестициска компанија „Блек Рок“  (BlackRock) планира да отпушти до 500 работници.

Потегот, објавен во меморандум што го виделе Инсајдер и Блумберг, доаѓа додека Волcтрит продолжува да паѓа поради високите каматни стапки кои го зголемија ризикот од рецесија.

Компанијата имаше 19.900 вработени заклучно со 30 септември, според поднесеното барање до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Најавените отпуштања претставуваат приближно 2,5 отсто од вкупниот број вработени.

Компанијата во меморандумот не соопштува детали кои делови од бизнисот ќе го сносат најголемиот дел од загубата на работни места.

„Неизвесноста нè прави поодговорни од кога било да останеме пред промените на пазарот и да се фокусираме на силни перформанси за нашите клиенти“, рече извршниот директор на компанијата Лери Финк во меморандумот.

Акциите на самиот „Блек Рок“ паднаа за 23 проценти во 2022 година, бидејќи берзата ја имаше најлошата година од 2008 година.

Компанијата е последната во низата Волcтрит и Сити кои најавија намалување на работната сила.