И Netflix воведува задолжителна вакцинација

58

Компанијата Netflix воведува задолжителна вакцинација против коронавирус за најважните членови од екипите во американските телевизиски и филмски продукции.

Стриминг платформата ќе бара лицата од “зона А“, што опфаќа актери и екипа во близок контакт со нив да мора да бидат вакцинирани.

Слична ваква политика, како што пренесува ВВС, Netflix планира да спроведе и во Велика Британија.

Но, актерот Шон Пен сака таквата пракса да се прошири на сите членови на продукцијата, а не само на оние кои се квалификувани како “зона А“.

Netflix се одлучи на ваков чекор откако американската агенција за контрола и превенција на болести објави дека маските ќе бидат повторно задолжителни во затворен простор, дури и за лицата кои се целосно вакцинирани.

И други компании, како што е Google, навеле дека работниците ќе мора да се вакцинираат пред да се вратат во канцеларии откако е забележано нагло зголемување на бројот на заразени.

Фото: Pixabay