Фестивалот Чоколадна земја продолжува и овој викенд во Веро центарот по големата посетеност на 13-ти овој месец.
Според организаторите, потрошувачите повторно ќе имаат можност да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт…
Ќе се запознаат со над 1.000 различни чоколадни производи од 9 домашни и странски производители. Бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци е само дел од асортиманот.
И овој викенд се предвидени работилници и забавни игри за децата. Ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а за најмалите ќе биде организирана Слатка меморија, игра во која може да добијат безброј слатки награди.