И пиењето кафе повеќе не е исто

Откако избувна пандемијата и голем број кафулиња ставија клуч на врата, светот повеќе се сврте кон пиење кафе во домашни услови. Исто така, поради ширење на оваа зараза се промени и начинот на купување кафе, па истражувањата покажуваат пораст на онлајн купување.

Од почетокот на пандемијата е забележан пад на потрошувачката на кафе, најмногу заради карантинот и затворање на угостителските објекти, пренесува Julius Meinl.

Во исто време, има раст на потрошувачката на кафе во домашни услови.

“Со оглед на глобалната блокада, ограниченото движење, социјалната дистанца и финансиското влијание на потрошувачката, не изненадува фактот што е намалена продажбата на кафе надвор од домовите. На краток рок, индустријата најверојатно ќе ги почувствува последиците, но има простор за оптимизам. Зголемената продажба преку интернет е доказ дека потрошувачите сакаат висококвалитетно кафе, а побарувачката за луксузни производи може да поттикне долгорочен раст“, вели Кристина Меинл од Julius Meinl.

Фото: Freepik