И покрај негодувањата, Италија од први јули ја укинува мерката за забрана за откази

46

Владата на италијанскиот премиер, Марио Драги одлучи и покрај протестите на работниците и синдикатите од први јули ги укинуваат мерките за забрана за откази на вработените, што беше воведена поради економската криза предизвикана од пандемијата.

Одлуката нема да важи за текстилната и модната индустрија, коишто според проценките на владата, се најтешко погодени од кризата.

За останатите вработени што ќе добијат откази, владините мерки предвидуваат три месеци да им обезбедат полна или 80% од платата, за што одвојуваат околу четири милијарди евра.

Претставници на различни синдикати побараа одлуката за забрана на откази да остане на сила најмалку до октомври, бидејќи се плашат од силен бран на отпуштања.

Фото: Pexels