И покрај огромниот профит, фармацевтските компании во САД плаќаат мал данок

60

Додека американските граѓани плаќаат доста пари за даноци, нивната земја е многу подарежлива кон големите компании, што го покажува износот на даноците што ги платија фармацевтските гиганти минатата година.

Имено, во САД во 2022 година вработените во просек издвојуваат 24,8 отсто од заработката за даноци. Федералниот данок на доход на поединци во таа земја може да достигне и до 37 проценти.

Од друга страна, фармацевтските компании како Pfizer, Merck, J&J, Gilead, Eli Lilly, Amgen BMS и AbbVie уплатија вкупно две милијарди долари во државниот буџет, иако нивниот профит порасна на 110 милијарди. Нивната даночна стапка е фиксна, без разлика на висината на добивката и изнесува 21 процент.

Сепак, компаниите честопати успеваат да платат значително пониски даноци, како што се гореспоменатите фармацевтски гиганти, кои во 2022 година платија само околу два отсто од својата добивка, благодарение на „креативното сметководство“. Една од алатките што тие со задоволство ги користат е можноста да пријават дека најголемиот дел од нивниот профит е направен во странство и на тој начин да избегнат плаќање на големи даноци во САД, иако добар дел од нивниот приход доаѓа од овој пазар, пренесува Biznis и Finansije.

Некои од фармацевтските компании дури пријавиле загуби во нивните операции во САД, додека наводно остварувале реални профити во други земји. Добра илустрација за ова тврдење е компанијата AbbVie, која во 2022 година забележа загуба од речиси пет милијарди долари на американскиот пазар, додека во меѓународниот бизнис имаше профит од 20 милијарди. Од 2013 година, оваа компанија некако завршува со губење пари секоја година на американскиот пазар, и покрај тоа што таму добро се справува со продажба на голема количина од своите лекови таму.

Од друга страна, Pfizer оствари само пет милијарди профит на американскиот пазар од 35 милијарди што ги имаше на глобално ниво. Од осумте анализирани фармацевтски компании, Gilead е единствената што заработила најголем дел од својот профит (четири милијарди долари) во САД во однос на вкупниот профит (пет милијарди долари), што, според аналитичарите, е логично со оглед на фактот што таму продава фармацевтски производи. Затоа Gilead плати 1,5 милијарди американски долари даноци, што е повеќе од Pfizer и AbbVie што платија заедно.