И прекуграничниот шопинг трпи последици од пандемијата

31

Пандемијата, поради затворање на границите, остави силни последици врз прекуграничниот шопинг во Босна и Херцеговина.

Државјаните на соседните земји во изминатите неколку години во БиХ купуваа производи за широка потрошувачка, најмногу во супермаркети и трговски центри покрај границата, пишува Индикатор.ба.

Соседите во БиХ купувале најразлични производи, од храна до градежни материјали и мебел. Главна причина се ниските цени, но и повратот на ДДВ со којшто купувачите можат да заштедат.

Вкупната вредност на производите купени во БиХ и изнесени надвор, во периодот јануари – октомври оваа година, достигна околу 29,35 милиони евра, додека ДВВ-то било 4,26 милиони евра.

Најмногу барања за поврат на ДДВ оваа година во БиХ поднеле државјани од Хрватска и Србија, кои и претходните години заедно со Словенците биле најбројни.

Фото: Freepik