И Шпанија со ограничување за хрватските работници

67

Hrvatski-radniciШпанија е седма земја од Европската унија која објави ограничување за хрватските работници по Германија, Холандија, Австрија, Велика Британија, Словенија и Белгија.

Шпанската влада донесе ваква одлука поради големата невработеност во оваа земја, која изнесува 27% кај општата популација, односно 52% меѓу младите.

Досега десет земји потврдија дека нема да воведат ограничувања: Шведска, Романија, Унгарија, Ирска, Словачка, Чешка, Данска, Финска, Естонија и Литванија, а останатите се уште не донеле одлука.

Хрватска има право да воведе реципрочни мерки за оние членки што ќе воведат ограничување.

Неодамна и Словенија одлучи пазарот на труд да остане затворен за работници од Хрватска и по влегувањето на оваа земја во Европската унија. Тоа значи дека исто како и до сега, Хрватите во Словенија ќе се вработуваат само со работна дозвола.

Според податоците на Владата, во Словенија работат околу 5.000 хрватски државјани на основа на работна дозвола, главно во дефицитарни професии и во пограничните подрачја.