И Словачка го забрани увозот на жито од Украина

75

Словачка им се придружи на Унгарија и Полска во забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина, објави  словачкиот премиер Едуард Хегер.
„Словачка привремено ќе го прекине увозот на жито и други производи од Украина.

Полска пред три дена го забрани увозот за да ги заштити сопствените земјоделци, по што завчера се приклучи и Унгарија.

Украинското жито наменето за странски земји поминува низ Европската Унија откако поради руската инвазија беше блокирана традиционалната извозна рута преку Црното Море.

Сепак, поради логистички проблеми, резервите на жито се трупаат во Полска, што предизвикува пад на локалната цена, што доведе до протести на земјоделците и оставка на полскиот министер за земјоделство.

Украинскиот министер за земјоделска политика рече дека жали за одлуката на неговиот полски колега.

Унгарскиот министер за земјоделство вчера преку порака на Фејсбук соопшти дека неговата земја го забранила увозот на земјоделски производи од Украина.

Полска и Унгарија изјавија дека нивните забрани важат до 30 јуни.