И Словенците се вклучуваат во трката за Volkswagen

66

Министерот за економија на Словенија, Здравко Почивалшек е во посета на седиштето на Volkswagen (VW) во Волфсбург каде на германскиот автомобилски гигант ќе му понуди соработка со словенечката автоиндустрија.

Главни теми за разговор на словенечкиот министер со менаџментот на Volkswagen ќе бидат развој на електричнa мобилност и презентација на инвестициски можности за германскиот гигант во Словенија, пренесува Investitor.

Посетaта на Почивалшек доаѓа во мемент кога VW привремено ги суспендира плановите за преселување на дел од своето производство на југоисток на Европа.

Како можна локација за новата фабрика на VW се споменуваше околината на Измир во Турција, но компанијата ја стави во мирување одлуката поради затегнатите односи на Германија и Турција, поради турската воена интервенција во Сирија.

Фото:Pexels