И Србија ќе добие банка за “лоши“ кредити?

28

narodna banka srbija

Србија воведува нови и построги правила за банките. Нивните загуби повеќе нема да се покриваат само од парите на даночните обврзници, односно од државниот буџет, туку први на удар ќе бидат сопствениците на кредити. Втората новина е дека Србија, доколку е потребно, ќе добие и банка за посебни намени во рамки на европските прописи, јавува РТС.

За две години, како што се наведува, во Србија се затворени четири банки, а на санација на штетите што ги предизвикале се потрошени околу милијарда евра од државната каса.

“Прва опција при реструктуирање на банката е продажба на истата, доколку има заинтересирани. Доколку тоа не е можно, тогаш се користи инструментот – банка за посебни намени, што ќе се основа од страна на земјата и Народната банка на Србија, а во истата ќе се пренесе имотот и обврските на банката што се реструктуира“, вели Павле Ѓуриќ од Народната банка на Србија.

Идејата е да не се преземат ненаплатливите кредити и таканаречената лоша банка да не се основа за секоја поединечна банка што ќе се соочи со проблеми.