И во 2022 година, Боинг заостанува зад Ербас во однос на бројот на испорачани авиони

68

Американскиот производител на авиони Боинг ги забрза испораките на комерцијални авиони во последниот квартал од минатата година, но повторно заостанува зад европскиот конкурент Ербас во текот на 2022 година.
Боинг во последниот квартал од минатата година испорача 152 авиони, а во 2022 година вкупно 480, што е за 40 отсто повеќе од 2021 година.

Минатата година Боинг испорача најмногу авиони од 2018 година, кога имаше вкупно 806. Потоа дојде кризата поради несреќите на авионот 737 Max во Африка и Азија и пандемијата „Ковид-19“, која го парализираше воздушниот сообраќај околу светот за некое време и дополнително  ги намали нарачките од Боинг.

Во последните години, Боинг заостанува далеку зад Ербас во однос на испораките, што се случи и минатата година, кога европската компанија испорача 661 авион на клиентите.