Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2024 година , изнесува 39. 542 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.8%), Снабдување со вода;
отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10.9%), Преработувачка индустрија (4.9%) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2024 година, изнесува 59. 392 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (28.4 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.7 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19.2 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10.6 %), Преработувачка индустрија (5.0 %) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (3.2 %).