И во ноември зголемени цените на угостителските услуги

Assorted coffee cups on a white background
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2023 година, во споредба со октомври 2023 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е
забележано во групата Храна за 0.2 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.2 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 10.1 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за4.1 %.
Фото: Freepik