И Yahoo со социјална мрежа?

25

yahooПо неуспешниот обид да го купи Facebook за една милијарда долари и пропуштената шанса за бизнис со Flicker, Yahoo не направи ништо посебно кога се социјалните мрежи во прашање. Но, ако им се верува на зборовите на извршниот директор Мариса Мајер, тоа можеби наскоро ќе се промени.

“Она што е важно е во нашите производи да вградиме делење на информации како клучна компонента. Една од работите што повеќето луѓе ги сакаат е можноста со своите пријатели да делат интересни работи”, изјави Мајер, пренесува Блумберг.

Мариса Мајер на позиција извршен директор во Yahoo дојде од Google, кој со Google + направи социјален слој интегриран со веќе постоечките производи како Gmail и Google search. Останува да се види дали и Yahoo ќе има сличен пристап.