i360 – најтенката кула во светот  

91

Brighton-i360Многу градби претендираат да бидат највисоки во светски рамки, но ретко која може да се пофали дека е и висока, но и најтенка зграда во светот.

i360 е кула од 162 метри висина, но поради својата “витка става“ од само 3,9 метри во дијаметар, влегува во Гинисовата книга на рекорди, пишува BBC.

Архитектите Дејвид Маркс и Џулија Барфилд, кои стојат зад дизајнот и на London Eye, велат дека i360 е изработена по примерот на големото тркало во Лондон, но на многу “повисоко ниво“.

i 360 vnatre

Иако на прв поглед изгледа дека најголемиот проблем при изградбата е подигнување на платформата чија тежина е 94 тони, на висина од 162 метра и заедно со 200 лица кои тежат околу 16 тони, сепак за инженерите најголем предизвик бил ветерот. Ударите на ветровите на оваа местоположба достигнуваат брзина и до 120 километри на час. Од таа причина, кулата е проектирана да издржи брзина на ветер од 160 километри на час.

Изградбата на кулата – опсерваторија ја финансира British Airways и истата се наоѓа на крајбрежјето на англискиот град Брајтон. Посетителите, откако ќе биде целосно изградена, ќе може да уживаат во погледот што се протега и до 50 километри во далечина.

Планирано е изградбата да заврши ова лето, а во внатрешноста ќе има сместувачки капацитети за околу 1.000 луѓе, елитен ресторан, продавница за подароци, затворена зона за деца… “Патувањето“ до врвот на кулата ќе трае од 20 до 30 минути, а влезниците ќе чинат околу 19 евра за возрасни, а околу 10 евра за деца од четири до 16 години.