Иако многумина не слушнале за неа, жителите на оваа земја се најсреќни на свет

145

Независност, негување на традиции, грижливост, почитување на вистински вредности и природата што ги опкружува, ја прават оваа мала земја да биде добар пример за среќа.

Едно од најсреќните места на Земјата лежи во средината на Тихиот океан, пренесува BBC.

Станува збор за Вануату, земја што се состои од над 80 острови и се наоѓа на околу 2.000 километри источно од Австралија. Според истражувањето на Happy Planet Index, оваа земја е прогласена за една од најсреќните во светот. Ова рангирање се заснова на општото добро на луѓето, животниот век, благосостојбата и секако екологијата.

Што ја прави оваа мала земја толку среќна? Уште откако прогласија независност од владеењето на Французите и Британците во 1980 година, целата територија на Вануату припаѓа на домашното, мнозинско население и не може да се продава на странци.

Едно истражување од 2011 година од страна на Националното биро за статистика во Вануату открило дека, во просек, луѓето кои имаат пристап до земја се посреќни од оние кои немаат. Денес, околу три четвртини од 298.000 жители живеат во рурални области, а повеќето островјани имаат пристап до земјиште каде што можат да одгледуваат добиток и храна.

Извор на среќа е нивната строга врска со традицијата и разновидноста на пејзажот, од карпестите планини до коралните гребени. Поголемиот дел од населението има добро или умерено познавање на традиционалните циклуси на садење и важноста на локалната флора и фауна.
Фото: Facebook