IATA: Авиокомпаниите очекуваат рекордни 4,7 милијарди патници следната година

Авиокомпаниите очекуваат да превезат рекордни 4,7 милијарди патници следната година. Ова ќе го надмине сегашниот рекорд од пред коронавирусот 2019 година за 200 милиони, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Оптимист за следната година, здружението ја подобри годинешната прогноза на крајот на годината.

Се очекува авиокомпаниите да пријават нето добивка од 23,3 милијарди долари оваа година, откако ИАТА во јуни прогнозираше дека ќе застане на 9,8 милијарди долари, пренесува француската новинска агенција АФП.

Во својот последен извештај, ИАТА ги истакна и резултатите од истражувањето кои покажуваат дека навиките за патување на речиси половина од туристите веќе се вратиле на нивото пред коронавирусот, третина од нив патуваат повеќе, а само 18 отсто сè уште патуваат помалку од поранo  пред  избувнувањето на пандемија.

Сепак, здружението малку ја намали прогнозата за приходите од воздушниот карго сообраќај. Тие треба да изнесуваат 134,7 милијарди долари, откако беа објавени во јуни во износ од 142,3 милијарди долари, пренесува AФП.