IATA: Дури во 2023 година бројот на патници ќе биде на нивото како пред пандемијата

53

Во 2023 година ќе се врати бројот на патници во авионите во светот на нивото од 2019 година односно како пред пандемијата со Ковид-19, што доведе до колапс на воздушниот сообраќај, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA).

Се очекува годинава бројот на превезени патници ширум светот да биде 52% од пред кризата, а следната година да се искачи на 88%.

Дури во 2023 година бројот на патници треба да го надмине нивото од 2019 односно да се зголеми за 105 % и на крајот од деценијата да достигне 5,6 милијарди патници благодарение на очекуваниот годишен раст од 3,9% од 2025 до 2030 година.

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, бројот на патници во 2020 година се намалил на 1,8 милијарди, како што беше во 2003 година.

Зголемувањето на бројот на патници ќе биде различно во светот, предводено од азиско-пацифичкиот регион (5,4% годишен раст) и Африка – Блискиот исток (5%), додека во Западна Европа се очекува помал раст (2,3%), а Северна Америка уште помал (1,5 %).

Фото: Pixabay