IATA разви алатка што предупредува од турбуленции

47

Фото: Pixabay

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај, IATA, разви алатка за предупредување од турбуленции – Turbulence Aware.

Целта е на авиокомпаниите да им го олесни планирањето на рути со давање прогноза за турбулентни подрачја, коишто преку алатката би се избегнале.

Досега авиокомпаниите се потпираа на податоци од пилотите и временската прогноза, за да го намалат влијанието на турбуленциите врз авио операциите.

Turbulence Aware работи на принципот на собирање податоци од сите авиокомпании што учествуваат во програмата. Потоа, тие се обработуваат и прикажуваат на единствена табела што им е достапна на сите корисници. Тие добиваат прецизни информации во реално време, што на пилотите и на контролата на летање им овозможува да направат соодветна рута што ќе биде безбедна и удобна за патниците.