IBM отвори Дата центар во Љубљана

44

IBM

Љубљана стана едно од 42-те места во светот каде што технолошкиот гигант IBM има отворено Дата центар. Дата центарот во Словенија ќе располага со 120 IBM експерти во различни област, а 70 од нив поседуваат напредно знаење во областа cloud computing, пишува еКапија.

“Давајќи им на клиентите избор каде сакаат да ги чуваат своите податоци, новиот Дата центар ќе овозможи локација во Словенија во која корисниците ќе можат да чуваат и обработуваат податоци или да ги чуваат нивните резервни копии. Ова е особено важно за финансиските институции, организации од јавниот сектор и компании, како и за сите клиенти на кои им е важна заштитата на приватноста на податоците и нивна безбедност. Со овој дата центар, нашите клиенти ќе добијат поголема флексибилност и брзина на одговорот, што дополнително ќе помогне во намалување на трошоците на ИТ инфраструктурата”, вели Јулиј Божиќ, директор на продажба на IBM во Словенија.

IBM Дата центарот во Љубљана ќе пружа услуга технолошка платформа за старт-ап проекти.

Инвестицијата е во вредност од преку еден милион евра.