IBM преку вештачка интелигенција предвидува кој вработен планира да даде отказ

17

Американската ИТ компанија, IBM користи вештачка интелигенција преку којашто со 95% сигурност предвидува кој вработен планира да го напушти своето работно место, пишува CNBC.

Оваа компанија добива над 8.000 кратки биографии дневно, со што е најпребарувана интернет страница за оние кои бараат и аплицираат за работа.

Одделот за човечки ресурси на оваа ИТ компанија, којашто вработува околу 350.000 лица, има патент за “програмата за предвидување“. Оваа програма го предвидува ризикот дека некој вработен сака да си замине, со што ги алармира менаџерите да започнат потрага по нов вработен.

Системот што функционира со помош на вештачка интелигенција досега заштедил околу 300 милиони долари на IBM за задржување на вработени.