IBM ја презема компанијата Waeg, партнер на Salesforce, во договор што ќе го прошири опсегот на услуги и ќе поддржи хибридна стратегија на услуги во облак и вештачка интелигенција.
Договорот за купување на Waeg, чие седиште е во Брисел и опслужува клиенти ширум Европа, претставува надополнување на аквизицијата на IBM со 7Summtis реализирана во јануари оваа година. Станува збор за американска компанија што е специјализирана за софтверот на Salesforce за управување со клиенти.
“Силата на Waeg во советодавните услуги на Salesforce ќе биде клучна за создавање интелигентни текови на работа коишто на нашите клиенти ќе им овозможи да го следат чекорот со промена на потребите и очекувања на купувачите и вработените“, вели Мар Фостер, висок потпретседател на Global Business Services, што е сегмент од IBM.
Waeg има 130 лица во повеќе земји: Белгија, Данска, Франција, Ирска, Полска, Португалија и Холандија.
Висината на трансакцијата не е позната, а се очекува да биде финализирана овој квартал.
Фото: Facebook