Iceland маркетите ќе го отстранат палминото масло од своите производи

47

Фото: Pexels

Iceland ќе стане првиот голем британски супермаркет којшто ќе се заложи за отстранување на палминото масло од сите сопствени брендови, во обид да се запре тековното уништување на тропските шуми во југоисточна Азија, пренесува ТheGuardian.

Палминото масло е евтина и масовно произведена состојка позната по својата разновидност, а моментално се наоѓа во повеќе од половина од сите производи во супермаркетите, од леб, тестенини, бисквити, житарици и чоколади до сапун и детергент.

Исто така се користи и во козметиката и биодизелот, а со побарувачката којашто ќе се зголеми до 2050 година, ова ќе предизвика голема штета на животната средина.

Заложбата на Iceland е до крајот на 2018 година, 100% од прехранбените линии на супермаркетите да не содржат палмино масло, што ќе ја намали побарувачката за повеќе од 500 тони годишно. Од Iceland изјавија дека претходно маслото било присутно во 130 производи, или 10% од неговата брендирана храна.