Иднината на автомобилите според Mercedes

35

car-cabin-of-the-future-600x400Според претпоставките на Mercedes-Benz кога автономните возила ќе станат норма во светот, автомобилот ќе се трансформира во една дневна соба на тркала.

Во својот центар за истражување и развој во Калифорнија, компанијата моментално нуди виртуелно доживување на тоа како би изгледала една внатрешност на автомобил – дневна соба.

Mercedes планира да произведе вистински концепт автомобил кој ќе биде прикажан во јануари 2015 на шоуто за технологија CES кое се одржува во Лас Вегас.

Клучниот момент на концепт автомобилот ќе бидат седиштата кои ќе можат да се вртат. Четири удобни столици кои ќе бидат наместени така што ќе чувствувате дека седите во својата дневна соба.

Слободата на движење, како и чувството дека сте дома на патниците ќе има овозможи да се опуштат, да работат или едноставно да се гледаат во очи додека разговараат.