Иднината на HD телевизорите: Ултра High Definition телевизор од Sony

39

sony_corporate

Фото: Sony

Сте посакале ли некогаш да се најдете очи во очи со вашиот омилен актер или актерка? Ние не можеме да ви го исполниме тоа, но затоа луѓето од Sony Pictures Technologies направија нешто што многу ќе ве доближи до таквото искуство – нивниот прв ултра HD телевизор.

Како што пишува Daily Mail, овој 84 инчен (123 cm) сет чини 25.000 долари и има скоро четири пати појака резолуција од досегашните  HD телевизори, овозможувајќи ви лесно да ја видите секоја пега, бело влакно, и брчка на лицата на вашите омилени TV ликови.

Компанијата исто така направи и хард-диск сервер, видео плеер, кој вклучува кратки филмови, концерти и 10 долгометражни филмови, сите во ултра HD резолуција. Овој нов технолошки крик е значително надграден за разлика од обичниот  HD телевизор, наместо стандардните 1080 пиксели, ултра HD телевизорот има приближно 4000 пиксели.

Телевизори доаѓаат во пакет со Xperia S таблет кој може да се користи како далечински управувач на допир.

LG Electronics нуди сличен 84 инчен ултра HD телевизор. Се продава по цена 19.999 долари.