Иднината на парите е дигитална, но не им припаѓа на криптовалутите

113

Трендовите на плаќања кои првенствено се однесуваат на бесконтактните плаќања и кои започнаа минатата деценија и забрзани за време на кризата околу коронавирусот ќе продолжат и во наредните години, се вели во извештајот на Мудис. Во тој извештај се нагласува дека светот јасно ги прифатил дигиталните технологии на пазарот на пари, но тоа не значи биткоин, етер и други криптовалути.

Во преден план сè уште се валутите поддржани од централните банки, а тоа не би требало значително да се промени во следните десет години, дури и со зголемената популарност на дигиталните технологии на овој пазар.

Имено, Moody’s не очекува дека биткоинот, етерот и другите криптовалути би можеле да станат популарен начин на плаќање во следната деценија, најмногу поради нивната нестабилност, но нагласуваат дека сепак ќе имаат одредена улога. Наместо крипто, банката очекува уште една форма на дигитални пари да стане попопуларна, а тоа се дигиталните валути издадени од централните банки, додека мал дел од овој пазар би требало да припаѓа на стабилните коини.

Сепак, иако со текот на времето се помалку ќе ја слушаме популарната изрека „кешот е крал“, сепак ќе доминираат класичните пари што ги користиме денес, само ќе се промени начинот на плаќање, односно повеќе ќе се користат дигиталните облици на плаќање.

Во овој извештај се споменува дека повеќето банкарски услуги како што се купување куќи, автомобили, поддршка на компании и слично ќе продолжат да бидат врзани за традиционалните валути, што ќе ја ограничи употребата на виртуелните банкарски валути.

Она што секако можеме да го очекуваме во наредните години е зголемената употреба на бесконтактните облици на плаќање. Во Кина, овој начин на плаќање е веќе доминантен, а само десет проценти од трансакциите во продавниците се вршат со готовина (најмногу благодарение на апликациите како Alipay и We Chat). Слично е и во САД, а според податоците на Мудис, дури 80 отсто од плаќањата во САД во 2021 година биле бесконтактни, што е зголемување во однос на 2016 година, кога таа бројка изнесувала 69 отсто. Што се однесува до ЕУ, готовината сè уште е доста популарна овде, иако бесконтактните трансакции се во пораст. Во земјите од Унијата во 2016 година уделот на бесконтактното плаќање изнесуваше 21 отсто, а пет години подоцна речиси двојно се зголеми на 41 отсто.