Idvorsky electric – српски електричен трактор

28

idvorsky

Idvorsky electric е српски старт – ап којшто развива идеја за создавање трактор на електричен погон.

На местото на досегашниот трактор од 30 kW со внатрешно согорување, ќе дојде 20 kW поефикасен трактор на електричен погон, којшто ќе има бројни предности. Со отстранување на моторот, којшто зафаќа огромен простор, и на менувачот, ќе се обезбеди доволно простор за батериите коишто ќе го напојуваат тракторот со енергија.

Доколку има потреба од носење на дополнителен товар, ќе бидат активирани и дополнителните батерии коишто ќе ја зголемат моќноста на возилото. Системот на овие батерии ќе овозможи и мобилно снабдување со потребната електрична енергија, на пример, на пумпи за новоднување или други апарати што користат трифазна струја.

Овој електричен трактор ќе има неколку основни карактеристики, по коишто се одвојува од стандардниот: ниските трошоци, тивкиот режим на работа, нема загадување и ниски трошоци за одржување.

Тимот што стои зад овој дизајн се тројца инженери по електротехника од Србија, кои се пласираа во полуфиналето на натпреварот GIST Tech – I. Финалистите со менторство и едукативни содржини ќе се борат за почетниот капитал на завршницата на натпреварувањето што се одржува во рамки на Глобалниот самит на претприемачи, чиј домаќин ќе биде Универзитетот Стенфорд и американскиот претседател Барак Обама.

Единствен услов за учество беше идејата да таргетира локален проблем, којшто подоцна може да има и глобално позитивно влијание.