
Глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми за 2,2 милиони барели дневно (bpd) во 2023 година во споредба со минатата година, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Тоа значи дека до крајот на годината светската побарувачка ќе достигне рекордни 102,0 милиони барели дневно.
Главниот двигател на рекордната светска побарувачка за нафта е Кина, која само во март трошела 16,0 милиони барели дневно, според ИЕА.
Побарувачката за нафта ќе се зголеми во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), на кои до крајот на годината ќе им требаат просечно 350.000 барели дневно, јави агенцијата Танјуг.
Фото: Facebook