ИЕА: И покрај заострувањето на ситуацијата на Блискиот Исток, пазарите се доволно снабдени со нафта

90

И покрај растечките тензии на Блискиот Исток, светските пазари се доволно снабдени со нафта, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Во случај ситуацијата да се промени, агенцијата не ја исклучува можноста за брза акција на нејзините земји-членки и ослободување на нафтените резерви на пазарот, пренесува француската новинска агенција АФП.

Како што потсетува агенцијата во својот месечен извештај, иранските ракетни напади врз Израел на почетокот на месецот и придружниот страв дека Израел би можел да преземе одмазднички мерки кои ќе влијаат на прекинот на снабдувањето со нафта предизвикаа ненадејно зголемување на цената на нафтата.

И покрај зголемената загриженост за снабдувањето со нафта, ИЕА нагласува дека понудата на нафта на пазарите во моментов е доволна. Според нив, за таа стабилност придонеле послабата побарувачка и скромните загуби во производството на нафта поради ураганите во САД и крајот на либиското нафтено ембарго. „Засега извозот на нафта од Иран и соседните земји е непроменет, но пазарот останува во состојба на тензија и го чека следниот развој“, рече тој.

Во случај ситуацијата да се влоши, ИЕА гарантира дека ќе преземе мерки. Како што потсетува АФП, агенцијата е основана во 1974 година со единствена цел да обезбеди помош во координирање на колективните одговори на прекините на снабдувањето со нафта по нафтената криза во 1973 година.

Со цел да се ублажат цените на нафтата, кои се зголемија поради руската инвазија на Украина, членките на ИЕА испратија десетици милиони барели нафта од резервите за итни случаи на пазарот во 2022 година. „Како што се покажа тогаш, агенцијата и нејзините земји-членки можат брзо да преземат заеднички мерки“, потсети ИЕА, додавајќи дека нејзините резерви надминуваат 1,2 милијарди барели.

Доколку во наредните месеци нема големи нарушувања во снабдувањето со нафта, пазарот ќе се соочи со значителен суфицит во новата година, според ИЕА.