ИЕА: Има потреба од инвестиции во експлоатација на нафта и гас

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИЕА) со седиште во Париз, Фатих Бирол изјави дека има потреба од инвестиции во експлоатација на нафта и гас за поддршка на глобалната енергетска безбедност.

„Сакам да бидам јасен… ќе има потреба од инвестиции, особено за да се реши падот (на бројот на) постоечки полиња“, рече Бирол на енергетската конференција CERAWeek во Хјустон, пренесе Ројтерс.

Бирол, исто така, рече дека се потребни нови инвестиции за нафта и гас, што го приближи до ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите повици до бизнисмените да отворат нови бунари во потрага по нафта, наведува Ројтерс.