ИЕА предупредува на предизвици во снабдувањето со гас пред зимата

94

Зголемената побарувачка за гас и геополитичките тензии може да го комплицираат неговото снабдување оваа зима, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во својот најнов извештај.
Според прогнозите на агенцијата, потрошувачката на гас годинава ќе достигне рекордни 4.200 милијарди кубни метри, а следната година се очекува зголемување од нови 2,3 отсто.

Како што истакна ИЕА во својот последен извештај, побарувачката за гас расте главно поради индустријата од Азија.

Меѓу најголемите неизвесности што ја мачат Европа е снабдувањето со руски гас преку Украина, резимира извештајот на германската новинска агенција dpa. Сегашните договори истекуваат на крајот на оваа година, што потенцијално може целосно да ги запре руските испораки преку оваа рута, вели ИЕА, додавајќи дека Европа ќе мора да го зголеми увозот на течен природен гас во наредните години.

„Ова би значело дополнителен притисок врз глобалните залихи, бидејќи течниот природен гас е клучен за одржување на рамнотежата помеѓу понудата и побарувачката“, ја сумира и пораката на ИЕА, пренесува dpa.

Според ИЕА, тесните грла што се појавуваат во Црвеното Море и Панамскиот канал сè уште не влијаат на снабдувањето со течен природен гас.