
Забавувањето на растот на побарувачката и зголемувањето на производството на сурова нафта во Соединетите Американски Држави ќе и отежнат на проширената група производители на ОПЕК + да продолжат да одржуваат високи цени за таа енергија, процени Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Уделот на групата на нафтениот пазар ќе падне на 51 отсто оваа година, што е најниско од нејзиното основање во 2016 година.
Групата ОПЕК +, предводена од Саудиска Арабија и Русија, го ограничува производството на сурова нафта со цел да ги задржи високите цени, пренесува SEEbiz.
Сепак, цените на нафтата неодамна паднаа поради заладувањето на глобалната економија и зголеменото пумпање во земјите надвор од групата.
Во својот месечен извештај за нафтениот пазар, агенцијата ги издвои САД, каде производството на нафта надмина 20 милиони барели од 159 литри дневно, додека првично се очекуваше пад на производството.
Во исто време, рекордно испумпување на сурова нафта е забележано во Бразил и Гвајана, додека Иран, инаку членка на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), го зголеми извозот на „црното злато“.
„Континуираниот раст на производството и побавниот раст на побарувачката ќе ги комплицираат напорите на клучните производители да го одбранат својот пазарен удел и да ги задржат високите цени на нафтата“, соопшти ИЕА.
Како што истакнаа, има се повеќе докази за забавување на побарувачката на нафта.
Побарувачката на нафта беше 2,8 милиони барели дневно во третиот квартал и падна на 1,9 милиони барели дневно во последниот квартал.
За оваа година се очекува вкупниот раст на побарувачката на нафта да изнесува 2,3 милиони барели дневно.
Според агенцијата, забавувањето се очекува да продолжи следната година, кога се очекува побарувачката да падне на 1,1 милион барели дневно.











