
Уделот на Русија во меѓународната трговија со гас ќе се преполови – од 30 отсто во 2021 година на 15 отсто во 2030 година, се вели во прогнозата што денеска ја објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Според конзервативното сценарио за развој на пазарот, нето профитот на Русија од продажбата на гас во 2030 година би можел да падне 2,5 пати во споредба со вредностите во 2021 година, на 40 милијарди долари од 100 милијарди долари, пренесува РБК.
Аналитичарите очекуваат невиден раст на новиот глобален капацитет за течен природен гас (LNG).











