iFlight – апликација што го следи нивото на замор на пилотите

23

piloti

Апликацијата iFlight на двајца програмери од Хрватска служи за следење на биометриските функции на посадата во авионите, со што влијае на намалување на бројот на несреќи предизвикани од овој фактор, пишува Пословни дневник.

Марио Рудман и Марко Радош од Хрватска се “виновниците“ за овој cloud систем, што овозможува полесно да се распоредува персоналот во авионите и да се намали ризикот од човечки фактор, како што е заморот.

Оваа мобилна апликација ја користат пилотите кои со уреди како што се паметен часовник, нараквица и слично ги мерат биометриските податоци (отчукување на срцето, дишење и слично) во текот на летот. По завршување на летот, собраните податоци се анализираат и нивната авиокомпанија ги има на располагање преку web апликација.

Според тие податоци може да се коригира распоредот на летови и на тој начин да им се помогне на пилотите да не летаат кога не се чувствуваат добро.