ИФО: Економските санкции предизвикуваат значителна штета, особено на најсиромашните

16

Економските санкции предизвикуваат значителна штета на земјите против кои се насочени, а особено најсиромашните се во ризик, објавено е на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Санкциите на Обединетите нации доведуваат до намалување на економскиот раст во санкционираната земја за два отсто годишно, се вели во научната студија објавена во магазинот EconPol Forum.

Според проценките, пренесува Танјуг, последица на санкциите на ОН во период од десет години е економската штета еднаква на пад на БДП од 25 отсто.

Едностраните американски санкции против одредена земја доведуваат до пад на економскиот раст во санкционираната земја за еден процент годишно, а долгорочно оваа штета е еквивалентна на пад на БДП од 13 проценти.

„Економските санкции обично најмногу ги погодуваат луѓето кои живеат во сиромаштија или на работ на сиромаштија. Примерите од минатото го покажаа тоа, што особено важи за американските санкции“, вели Флоријан Нојмаер, експерт на МФО.

Според него, американските санкции против Иран, воведени во 2012 година, првенствено го погодија младото, необразовано население во таа земја.