Ifo: Германската автомобилска индустрија оптимистички тргна кон 2023 година

56

Економските услови за германските производители на автомобили и нивните добавувачи значително се подобрија во јануари, покажува најновото истражување на минхенскиот институт за економски истражувања Ifo.
Индикаторот за тековните услови за германската автомобилска индустрија се зголеми од 3,4 поени во декември на 14,1 поени, објави денеска Ifo.

Деловните очекувања се позитивни за прв пат по пет месеци. Индикаторот се зголеми од минус 4,9 поени во декември на 10,7 поени во јануари. „Сепак, очекувањата за извоз остануваат ниски“, нагласи Оливер Фалк, директор на Ifo Центарот за организација на индустријата и новите технологии.

Како што посочуваат од Институтот, голем проблем останува недостигот на суровини и квалификувани работници. Но, според нивните изјави, компаниите јасно веруваат дека се во состојба доволно добро да се прилагодат на тоа.

Фото: Pixabay