Од Стопанска банка а.д. Битола преку Македонска берза информираат дека за членови на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола се назначени Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски.
“Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-25796/6 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Стевчо Јолакоски.
Исто така, врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-27231/8 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Игор Камбовски“, стои во објавата.