Играат Street Pong додека чекаат зелено светло на пешачки премин

23

street pong

Здодевното чекање на зеленото светло од семафорот може да стане интересно благодарение на видео играта Street Pong, што е инсталирана на бандерите пред пешачкиот премин во Хилдесхајм.

Наместо ризичното претрчување на црвено, оваа игра ќе ги “принуди“ пешаците да застанат на пешачкиот премин и да почекаат да се вклучи зеленото светло. Таа задача ја има уредот ActiWait, кој тастерите кои испраќаат информации за присуство на пешаци на пешачкиот премин, ги трансформира во забавна игра, што ќе им помогне поинтересно да им помине времето во чекање.

streetpong_side

Штом се вклучи црвеното светло на семафорот, на екранот автоматски започнува играта Street Pong. Целта на играта е да не дозволите топката на противникот да помине зад вас. Да биде уште поинтересна играта, противник е личноста што стои од другата страна на семафорот.

Првата Street Pong е инсталирана во Германија, а на глобалната платформа за финансирање Indiegogo има за цел да собере 35.000 долари за започнување со масовно производство.