Икеа ги намалува цените ширум светот

17

Шведската компанија за дом и мебел Икеа ги намалува цените во голем број земји бидејќи глобалната инфлација се намалува.
Компанијата дополнително ги проширува своите намалувања на цените во 2024 година на сите нејзини пазари на глобално ниво, со цел да ги намали зголемувањата на цените воведени во 2022 година. Овој потег доаѓа во време кога се намалуваат трошоците на транспорт и суровините.

„Го правиме ова на сите пазари каде работиме“, изјави за CNBC во понеделникот Толга Онку, шеф на малопродажбата во Групацијата Инкга, најголемиот сопственик на продавниците на Икеа.

„Ова е моментот компаниите како Икеа да инвестираат во цените, а не во профитабилноста“, рече тој, додавајќи дека многу луѓе сега имаат „потенки паричници“. Намалувањето на цените, кое започна во Европа во септември, доведе до зголемување на бројот на купувачи, како и зголемување на бројот на артикли што ги продаваат трговците на мало, според Онку.

Помеѓу септември и ноември, Ингка инвестираше повеќе од една милијарда евра (1,1 милијарди долари) во намалување на цените на пазарите каде што работи, според Ројтерс.