Ikea ќе потроши 100 милиони евра за поддршка на директните добавувачи да се “префрлат“ на обновлива енергија.
Сопственикот на брендот Inter Ikea, (компанија од “семејството“ Ikea), инаку одговорен за набавките, исто така планира да инвестира 100 милиони евра во проекти поврзани со отстранување на јаглерод диоксид од воздухот.
Проектите вклучуваат пошумување и заштита на шумите, пишува Reuters.
Од компанијата велат дека новите инвестиции ќе бидат дел од заложбите на Ikea да стане климатски позитивна, односно до 2030 година да елиминира повеќе стакленички емисии од тоа што ланецот на продавници произведува.
Во мисијата вклучени се околу 1.000 директни добавувачи.
Фото: Facebook